Избери говорник | Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: | |
Гордана Јанкуловска: Ништо, јас те барав за ова што ти пишав. Значи, јас нели ти реков, му спомнав на Марко (Зврлевски, јавен обвинител) со тоа што му реков види вака-така, не директно она ‘отфрли ја пријавата’ него ‘види да ја завршиме’ ова-она, ама он знае што значи тоа. Зоран Ставревски: Аха Гордана Јанкуловска: Сабајле го побарав и после ми се јави назад и ми кажа, пошто беше на судење и неможеше да збори од таму, и ми кажа: „да знаеш тоа што ми даде задача, завршено е“. Пошто треба и за други работи да се видиме, за Законот за кривична постапка деновиве ќе ти дадам детален извештај, да знаеш се е ок со предметот. Чисто да ти кажам. Зоран Ставревски: Мх, добро. Гордана Јанкуловска: Ќе ми каже точно како го затворил. Зоран Ставревски: Тоа значи ќе донесат одлука веднаш? Гордана Јанкуловска: Па он, како што го разбрав. Јас ти викам, човекот на судење беше и така малку во шифри ми збореше. Како што го разбрав, он го затворил предметот. Зоран Ставревски: Аха Гордана Јанкуловска: А може да го затвори со решение дека се отфрла. Зоран Ставревски: А Горде, после да и стегнам на оваа кривична за лажно? Гордана Јанкуловска: Па можеш ти да и стегнеш пријава. Зоран Ставревски: Дали да се занимавам со тоа или да затворам тука страница? Гордана Јанкуловска: Види тоа е малку вака. Јас например искрено да ти кажам на никој, мене знаеш цела држава ми пушта пријави... не сум пријавила никого за лажно пријавување. Зоран Ставревски: Или да ја држам во неизвесност? Гордана Јанкуловска: да ја држиш во неизвесност. Зоран Ставревски: Јас можам и понатаму да стегнам. Гордана Јанкуловска: Да, ќе го видиме рокот за колку време застарува. Секое дело застарува некогаш. Ќе зборам јас. Планирав да го викнам Марко задутре. Ќе го викнам на подолг разговор пошто стално знаеш... Зоран Ставревски: И провери го овој аспект. Гордана Јанкуловска: Со него ќе зборам какви се искуствата. А не сакам да го викнам на 10 минути. Пошто и он бара да се видиме и он мене ми треба за поише предмети. Да го испочитувам онака еднаш. И он си има мака таму кај него. Јас како психијатар! Зоран Ставревски: Ок. Добро. Фала ти многу. Супер вест. Еден проблем помалку. Гордана Јанкуловска: Баш му реков некни. Види, ај те молам подзабрзај ја работата. Ќе почне, сега јас така му викам, ќе почне расправа за буџет во Собрание – една работа помалку да има. Вели нема проблем, ќе го завршиме. Зоран Ставревски: Заблагодари се во мое име кога ќе се видите. |