Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Миле Јанакиески, Никола Груевски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: рушење на Космос на Фијат Цаноски
НГ: Миле, ова добро иде, така?

МЈ: Добро претседателе, ама има сеа нова ситуација, не знам шо е, се појави 
судика Кацарска.

НГ: Што?

МЈ: Кацарска судија некоја се појави на градежници, уште некои документи да 
достави, ја испративме во општината, се слушнав и со Билјана, страв ми е да не 
ни дадат судски налог за забрана за рушење.

НГ: Ијјј.

МЈ: Сега ќе знам за 10 минути.

НГ: Еј, еј, еј.

МЈ: Му се јави Билјана и на претседателот на Суд да видиме што е работата.

НГ: Мхм.

МЈ: Сеа со тоа се занимавам.

НГ: Кај потплатил он видиш.

МЈ: Судска ферија. Билјана вика досега не се случило да одлучат во два саати, 
ама сé е можно.

НГ: Све е можно, да.

НГ: А, донела нешто?

МЈ: Рекла, сакам документи да доставам и на градилиште, да влезела у 
градилиште и инспекториве имаат налог никого да не пуштаат, ја пратиле во 
општината, ќе знам за едно 15 минути. Ќе ви се јавам.

НГ: А, да се чуеш ти со овој највисокиот таму?

МЈ: Ама, Основен суд Скопје 2 е. Сега Билјана зборува со претседателот на 
Судот. Во моментов и се јавив, пред две минути.

НГ: Мхм, мхм.

МЈ: Инаку, ок оди. Имаше проблеми сабајле, се откажуваа мајстори и такви 
работи, ама да не ве замарам со глупости.

НГ: Како се откажуваат?

МЈ: Па, дојде една екипа и тој што го води машината вика, ја не сакам овој 
објект да го работам и си замина. Па друг најдовме, и така.

НГ: А, зашо не сака?

МЈ: Од кај знам. Страв му било, бега, не знам шо, не знам како. Се уплашил, од 
кај знам.

НГ: А, они се појавија таму?

МЈ: Кои?

НГ: Па, тајфата на овој.

МЈ: Не, не. Во ФОН биле.

НГ: Каде биле? Во ФОН?

МЈ: Во ФОН, во Факултет.

НГ: Аха.

МЈ: Денес доставено е и ова до извршителот за 5 милиони евра наплата на 
хипотека.

НГ: Види, ако е тоа до општината, општината треба по пошта да му го прати на 
овој, како се вика, Сашо.

МЈ: Нема, тој е од судот, ама општината извршува, ние само координираме. Не 
дај Боже да е тоа. Тоа судот забранува директно да општината да го работи ова.

НГ: А, досега има доволно направено рушење за да не може да продужи?

МЈ: Има четири, пет стуба скинато, оти место да одиме со машини, со сајли за 
мермер сечење, тие се многу ефикасни.

НГ: На кој кат?

МЈ: Одозгора надолу.

НГ: Аааа, значи ништо немаме. Одозгора надолу. Многу ситна штета е тоа.

МЈ: Ситна, ситна.

НГ: А?

МЈ: Еве, сега влегоа во објектот, мислам сега, почнаа да работат, дур ги 
приклучија машините на струја, на вода.

НГ: Сега?

МЈ: Не мислам сега, кај 10 саатот почнаа да работат овие со машиниве, ама се 
симнаа овие со сајливе, почнаа пред два саати.

НГ: Мхм, мхм.

МЈ: Зошто само три часа требаше да дојдат двајца професори да направат мини 
проект да видиме за три четири дена ако можеше скроз да падни како оној Рудине 
што е објектот. Зошто не знаевме внатре како е, градба, многу има челик 
ставено, многу тешко се сечи.

НГ: Мхм.

МЈ: Ај да видиме ова што е, па ќе ве барам.

НГ: Ајде, ајде, се слушаме.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org