Избери говорник | Гордана Јанкулоска, Зоран Ставрески | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: критики кон Груевски | |
ГЈ: А, од кај па сега испаднаа 600 милиони, пошто кај нас требаше 300 да се скратат. ЗС: Па сега, не знам. Ти кажувам Ели што ми пишала. 29 посто од позициите што ви се буџетски, 42, 46 и 48. ГЈ: Точно, а ние имаме скратено околу 16 посто. Значи, треба од прилика уште толку да скратиме, околу 14, 15. Ако сме дале 180 милиони, треба уште 180. ЗС: Колку ти се збирно позициите, 42, 46 и 48? Колку ти се, пута 0,29. ГЈ: Има уште една друга работа. Мислам, ок, ако е само математичка операцијава ќе скратиме и тоа е тоа. Со вакво кратење ние на комунални услуги на нула сме веќе. Зошто ставката ни е 70 посто сега потрошена. 30 кога ќе скратиш, од вкупната, и 70 потрошени, стигаме до нула. Мислам, реално, нити струја можеме да плаќаме до крај, нити телефони, нити ништо. Дај некако да видиме што ќе правиме. Подобро дај плативе да ги скратиме. ЗС: Па да скартиме. Да скратиме. Не знам што да правиме. Јас не сум магионичар да можам да направам од ништо нешто. ГЈ: Па знам, Зоки, токму заради тоа. Значи, ако не смеам у плати да скратам, ако не смеам на друго место да скратам, сé ќе сведеме на нула и пак нема да ја завршиме работата на крај. На крајот на краиштата зошто одиме со глава во ѕид. Дај плати да скратиме и готово, ко цел свет што прави. ЗС: Горде тоа треба на Влада да се дискутира, не со мене само. ГЈ: Не, ок. Мислам, Јас сега со тебе го дискутирам пошто го отворивме муабетот, инаку не може да... ЗС: Не може да не се скрати зошто во буџетот нема пари, едноставно. Ја можам да седам и да нема ребаланс и ќе седат 6 месеци налозите у трезор. ГЈ: Знам. ЗС: Ќе биде плукање по мене, а ништо у пракса нема да се смени. Нема да им платиш на тие што не можеш да им платиш и вака и така. ГЈ: Да, дури и бетер ќе биде. ЗС: Кога ги нема парите, значи ги нема парите. ГЈ: Ама, те разбирам. ЗС: Ќе те ѕивкаат од сите страни, а вака, кога знаат дека нема пари, нема пари и толку. ГЈ: Ама еве, и овие комуналниве трошоци, мислам, ќе ги скратиме. Па подобро плата да скратиш него тоа. Во секој момент ЕВН секој ден ни се заканува дека струја ќе ни исклучи. ЗС: Епа добро, предложете си навреме. ГЈ: Ниедна сметка... ЗС: Избркајте 500 луѓе од администрација што не ти требаат и готово. ГЈ: Па или да избркаме или да земеме да ја скратиме платата бе. Не е трагедија 5 посто плата да се намали или 10 посто плата во услови на криза. ЗС: Па ништо не е трагедија. Не е. Трагедија е кога за култура ми одат 5 посто од буџетот. Тоа е трагедијата. И филмот на Столе Попов е трагедијата наша. ГЈ: Па стварно е тоа....Секој нормален човек ќе разбере, ќе каже, ок 5 посто, ама останав на работа, знаеш. ЗС: Да. ГЈ: Не се оди со глава во ѕид. Ја сум повеќе, мислам, сега со тебе си правам муабет, јас сум повеќе, колку треба нека се скрати и плата, нека се скрати и број на луѓе ако треба, ама да видиме, да функционираме у другиот дел. Шо ќе работи бе полиција ако нема пари за бензин, ако нема пари за реагенси? Шо ќе работи? Ќе седиме у канцеларија без струја? ЗС: Добро, ама не го игнорирајте проблемот. Сега вие, ми праќаш тоа што не сме се договориле и сега што да правам јас? Ако е така, седни, земји јави му се на телефон и барај средба, објасни се, шо ќе ти даде насока, тоа предлагај. ГЈ: Да де, да. ЗС: Не ми предлагај буџет што не можам да го затворам и испаѓа сега јас сум крив за сé во државава. Сите лоши работи ја треба да ги кажам, ја треба да ги соопштам, ја треба да ги направам. ГЈ: Не бре Зоки, не треба ти да ги кажеш. ЗС: Еве јас ќе дигнам слушалка, ја ќе се карам со Сашо. ГЈ: Да имам можност, еве ја ќе кажам, ама ја немам можност кај да кажам. ЗС: Не си ни пробала. Дали имаш можност ќе знаеш ако пробаш. ГЈ: Не сум пробала, затоа што... ЗС: Као Нино што проба, така и ти ќе си пробаш. ГЈ: Зошто у илјада други случаи се нема трпение. Еве, сега ќе се јавам и ќе побарам средба. За оваа тема. ЗС: Ја не можам на сите министерства буџетите да ви ги направам. Никој ен сака да се соочи со реалноста во оваа држава. ГЈ: Епа не знам, еве види од другите дали има некој на нула шо ги симнас ставките, да видиме дали се соочуваме со реалноста. ЗС: Добро, ок. ГЈ: Па, што ок? Здравство распишува тендер за кампања, за, не знам, за спотови. Култура 260 илјади евра дава за спот. Ја немам такви трошоци. |