Разговор помеѓу Билјана Бришковска Бошковска и Миле Јанакиевски
МЈ: Е?
БББ: Миле, дај те молам кажи им нека кажат: ние знаеме дека се четири
избирачки места, кои што се со овие луѓе. Значи, само нека потврдат дека се
тие луѓе. Значи до сега требало напамет да ги знаат кои се тие луѓе.
МЈ: Триесет и четири, Билјана, вчера мене тие ми ги пишуваа.
БББ: Не се бре триесет и четири, ти кажувам дека се четири места, ибирачки.
МЈ: Не се бе, како да ти докажам дека не се, вчера ги гледав.
БББ: Па еве ги гледам, значи ги имаме по избирачки места, тие се само четири
од Пустец, луѓе кај што има. Четири се.
МЈ: Ама не се само Пустец проблематични.
БББ: Е па сега, ако имаш ти и други проблематични.
МЈ: А овие од Гази Баба, од Кавадарци, од не знам каде?
БББ: Е па тие се уште неколку. Тие од Гази Баба се 80 луѓе.
МЈ: Вчера Билјана ги гледав, ајде не че те лажам сега. Триесет и четири беа.
|