Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник
С: Еј Миле?
МЈ: Борче?
С: Кажи?
МЈ: Со Саше зборував вчера, дај вклучи го и генералот, сега јас за Центар ти
се јавувам. Војнициве во Центар, четириесет и нешто војници, да си гласаат за
ВМРО, инаку нема да бидат војници.
С: Ааа, па што не кажа порано. Денес гласаат они?
МЈ: Војнициве денес гласаат?
С: Денес.
МЈ: Денес. Те молам притисни.
С: Добро. За да излезат.
МЈ: Јави му се и на Саше. Не да излезат! Да излезат и за ВМРО да гласаат!
С: Да де да, знам, знам. Требаше порано да ги провериме. Сега ти текна.
МЈ: А бе Сашо ја тераше, ама килава работа Сашо.
С: Ај ќе се слушнам со Сашо.
МЈ: Ајде.
|