Разговор меѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска
ГЈ: Ало?
ЗС: Горде?
ГЈ: Кажи.
ЗС: Ти пуштив еден смс сега, со три имиња, на вработени во МВР кои што, од
сите вработени што ги имаме од Ѓорче Петров, сите се оѕваа на барањето по пет
души да предложат за список. Овие едниве дадоа тројца, едниов ич не даде
никого.
ГЈ: Добро.
ЗС: Би те замолил да задолжиш некого да им се јави и да им каже дека тие се
вработени у МВР преку ВМРО-ДПМНЕ.
ГЈ: А има контакт од некој? Од нив имате контакт?
ЗС: Па сега немам ама може да најдам, име и презиме имам тоа да ти пуштам.
|