Разговор помеѓу Билјана Бришковска и Миле Јанакиески
НН: Ало
ББ: Значи, вака сега. Претседател во Центар е еден морон што работи во
Генерален секретаријат. Значи, работи во Генерален секретаријат во одделението
на Суле. Така да, може него да го притиснеме и фактички од избирачкиот
материјал да го извади избирачкиот список, кадешто е заокружувано кој гласал,
кој не гласал, да си го фотокопираме па да му го вратиме назад.
МЈ: Кај работи тој?
ББ: Во Генерален секретаријат. Сега ќе ти…
МЈ: Како се вика?
ББ: Па Коста се вика. Презимето не му го знам точно, меѓутоа работи кај Кире,
а шеф му е, мислам овој Суле.
МЈ: Суле?
ББ: Да, Суле бе Суле, Суле.
МЈ: Ај ке зборам.
ББ: Ајде.
|