Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Миле Јанакиески. Никола Груевски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Ти си одговорен за спроведување на договореното од комбето. ДУП
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле, три работи.
МЈ: Кажете.
НГ: Прво што те барав, те барав од состанокот уште, околу шес и пол-седум, 
ааа…имав со Коце состанок и со Славе.
МЈ: Добро.
НГ: Го имаме записникот…
МЈ: Добро.
НГ: Од она што одевме низ Центар, низ Аеродром.
МЈ: Така, така…
НГ: И готов е, Гордана Ивановиќ го има направено. Го има и претходниот.
МЈ: И претходниот?
НГ: И претходниот.
МЈ: Е тоа, тоа че Ве прашував, да.
НГ: И сега мислевме методологија, како да смислиме да ги изработиме, па на 
крај смисливме, ако ти можеш да…да…
МЈ: Акционен план да направиме.
НГ: ….да направиш како некое тело…
МЈ: Добро.
НГ: Комисија, комитет не знам како ќе го наречеш, ти да го водиш и на секои 
две недели да имаш редовен состанок, на пример тој ден, и толку саат секоја 
втора недела.
МЈ: Ама не, можи да биде точка на Градежна експанзија. Секоја недела оди и 
Акционен план да утврдиме првиот состанок и послем да си тераме по него.
НГ: Ама ќе ти знаат сите, таму има секакви шушљупаковци што присуствуваат на 
Градежна експанзија. Што знам, а?
МЈ: Не, во продолжение. Ќе му речам на тие, ќе му се заблагодарам, бидејќи 
најголемиот дел идат, другите ќе си продложиме со градежни. Барем дури да ја 
залауфаме работава, послем ако има ќе го проретчиме.
НГ: Добро.
МЈ: Ќе има доста работа на почеток таму.
НГ: Добро, ти оцени како мислиш, само да не ти искочи по весници нешто. Мада, 
немаше нешто спектакуларно за по весници. У секој случај превземи го, секоја 
втора недела терај го.
МЈ: Добро.
НГ: Значи ти си одговорен за спроведување на договореното од комбето.
МЈ: Во ред.
НГ: И над таа старата, да видиш што не е од тоа завршено, и тоа.
МЈ: Реализирано…важи.
НГ:…што не е реализирано и тоа. Втората работа.
МЈ: А…да Ви дадам Вас информации? Или од време на време?
НГ: Даа ми даваш еднаш месечно.
МЈ: Добро.
НГ: Рачунам за три-четири месеци дека ќе има сериозен напредок.
МЈ: Така, океј.
НГ: Мада па сега има избори, ама нема везе, шибај колку можеш, па ќе видиме.
Втора работа. Ова ГУП-от помина, знаеш за што те прашувам, за…
МЈ: Да, да, знам.
НГ: Е. Е сега треба ДУП. Ааа…Александар го имал подготвено ДУП-от
МЈ: Знам.
НГ: Ама нешто коментирал ли, он ли, друг ли, не знам. Дека додека не се заврши 
картирањето, не може да го пушти. Јас зборев со Коце. Коце вика нема врска, 
може да се пушти. И Гордана беше, и Коце беше, може да се пушти веднаш. Иако, 
не е картирањето завршено. Оти картирањето ќе ги фати до Нова Година.
Па сакав да те замолам, да ја превемеш ти работава, и да ја буткаш. Со 
Александар контактира Алек, да знаеш, за тоа.
МЈ: Добро.
НГ: Алек е, така да он нема појма…
МЈ: Да де, јасно.
НГ: Ти можеш да завршиш со Алек таму што ти се јавува за ваму-таму.
МЈ: Само да проверам…само да проверам, мислам дека за ДУП-от му треба 
картирано за да го постави на ГУП-от, ама да проверам. Тоа утре од сабајле 
прва работа и ќе Ви кажам. Само…ама многу му треба, месец дена, голема 
површина е. Океј, ќе Ви кажам утре, кога, како, што, се.
НГ: Океј. Тоа ми беше втората точка. Ако може да го изгураме пред овакво…
МЈ: Да де да.
НГ:…пред овие да се распишат знаеш.
МЈ: Така.
НГ: Мада, мада па чув дека и кога ќе се распишеле они ќе си држеле Совет до 
некое време, не знам до кога.
МЈ: Ама, можи денеска, ….не знам и Собраниево да видиме законите како че ги 
носи. Оти она што ме заложивте, веќе направивме Акционен план, да си кликниш, 
и една градежна парцела да си видиш, и плус ќе додадиме таму и одобрение за 
градење дали има парцелата, нема одобрение за градење, план донесен, кога е 
донесен. Сите параметри да ги има на едно место.
НГ: Ја да ти кажам не сум ни видел како е направен тој ДУП, пошто немаше 
време, само реков нека го распределат на повише парчиња. На колку парчиња го 
имаат распределено не знам. Ја би го направил на 20 парчиња, пошто тоа е 
големо.
МЈ: Реално можи на 3, 1000 некаде е океј парцела. Ќе видам, ќе Ви кажам, ама 
да се вратам. Утре сакав да се вратам…
НГ: Не, не, не, чекај, чекај, чекај, не за тоа, не за тоа. Тоа е океј, за тоа 
во право си. Ама, за ова другово сега ти зборам. Нели ја ти кажав дека во 
меѓувреме… А за тоа другото океј. Нели ти кажав дека во меѓувреме збркав друго.
МЈ: Знам, знам, океј е тоа.
НГ: Е. Сега тоа ми е исто хитно како и ова. Дури похитно ми е тоа, знаеш.
МЈ: Добро.
НГ: Тоа е многу поголемо, тоа го начекав јас за џабарлак, ти кажував.
МЈ: Знам, знам ми кажа Александар дека знае. Океј.
НГ: Александар знае за кого е, што е?
МЈ: Алек.
НГ: Да де да, е па добро. Океј. Значи тоа новото е доста поголемо од старото.
МЈ: Мислам дека треба…, ама да Ви потврдам утре. Треба заради да го постави 
ДУП-от, заради границите, заради тоа.
НГ: Старото, старото беше околу 2,7 така.
МЈ: А…ааа. Не знам точно.
НГ: 2.700 така беше.
МЈ: Мислам дека 3.5 беше. Ама не сум сигурен. 3-ка беше сигурно.
НГ: Ја мислам дека 2.700 беше. Не мислам, него сум сигурен. Ова новото е 
11.000.
МЈ: Да не е многу на 20 да се подели?
НГ: Не е многу, по 500. По 500 и кусур.
МЈ: Добро. Оти..
НГ: Колку имаат по 500? Многу, така?
МЈ: Да, да, добро.
НГ: И што губам ако го поделам на 20? Ништо, така?
МЈ: Да де да.
НГ: Имам зошто. Кога ќе се видиме ќе ти кажам. Значи размислував…
МЈ: Не, не, океј. Ако е таков концепот, океј. Само треба да видиме…
НГ: Имам зошто.
МЈ: Добро.
НГ: Ама нејќев по телефон да зборам зошто.
МЈ: Не, не ќе Ви кажам утре.
НГ: Многу е логичен концептот зошто.
МЈ: Јас сакав утре да стигнам и на Влада, само не знам ова со авиониве како ќе 
биде…
НГ: Е сега он дали го поделил на 10, дали на 50, дали на 20, појма немам да ти 
кажам право. Пошто ја преку еден човек, тој човек преку Алек, Алек таму иде. А 
ја по патишта по ова, по она, немам појма како излгеда тој ДУП….
МЈ: Ако стигнам утре на Влада, ќе го викам, ќе се видиме со него и ќе Ви 
презентирам. И ќе го нацртаме ние како што треба, и ќе го тераме.
НГ: Висина, висина максимум што може таму, колку се дава висина, не знам.
МЈ: 10.5, 10.2.
НГ: 10.2. Поише не може?
МЈ: Не. За индивидуално не.
НГ: Океј, 10.2, 10.2 нека биде. Уствари чекај, да не ја утнам што викаш ти. А 
бе тоа дур не го видиш не можеш, ама ајде. Ќе го видиме утре на лице место, ќе 
го земам ја. Прашај го ти на колку е поделено. Знаеш што беше идејата? Тоа е 
сега таму на еди кој си, така?
МЈ: Да де да.
НГ: Кога ќе дојде време, може тој еди кој си да си откупи едно парче само. Не 
знам како да ти објаснам.
МЈ: Само добро е да има преддоговор. Добро ако се знае човекот, да не му се 
зголемат апетитите.
НГ: Нема да му се зголемат. Мислам, формално може да се откупи толку, иначе 
ако се откупи 11 ќе се дигне џева, сфаќаш?
МЈ: Океј.
НГ: Е нема 11, на пример едно ќе се откупи, формално. Иначе тоа е завршена 
работа, 11 се откупени.
МЈ: Аха, добро.
НГ: Али формално, за вака за…едно се откупува на пример.
МЈ: Утре јас ќе го земам тоа…
НГ: Па за тоа другото ќе се каже, тоа другото си е на тој, не го знаеме на 
кого е.
МЈ: Да де да.
НГ: Тоа е едно, едно земавме сега.
МЈ: Да де да. Утре…
НГ: Не знам дали вака можам да ти доловам со шифри, ама…
МЈ: Не, не океј, сфатив, сфатив. Значи како и да е утре…
НГ: Оти ќе дојде време ќе треба да се озваничи нешто, така?
МЈ: Да де, јасно.
НГ: Треба да се појави некаде некој таму, да отиде да рече, еве јас сум, ја 
ова сакам да го правам. И сега ако отиде да го прави на 11, одма ќе има ука-
бука.
МЈ: Да де, ќе падне во очи.
НГ: Како, што, зошто, од каде, а-у, колку, што, пресметки, ваму-таму. А вака 
формално зимаш едно од тие 11 на пример, или две. Ме сфаќаш?
МЈ: Така.
НГ: И викаш еве ја едно земав, едно е толку и толку. А тоа другото ќе си стои 
така.
МЈ: Океј.
НГ: Па понатаму како ќе…
МЈ: Океј.
НГ: …минуваат години, може после и тоа да се…
МЈ: Да се видиме утре, утре е четврток, ако стигнам…
НГ: Ти тука ли си?
МЈ: Ако стигнеме утре. Додуша планирам утре околку 10 сатот да стигнеме, сакав 
и на Влада да стигнам, ама не знам како со авиониве ќе биди. Ако стигнам утре, 
утре, ако не…
НГ: А чекај ти ја помина у Шведска таа работа?
МЈ: Не, не, не. Утре од сабајле требаше да бидам таму во 10, ама не знам како 
ќе стигниме. Најверојатно нема да одиме ич во Шведска, ќе се враќаме назад.
НГ: Аха.
МЈ: Затоа викам, не знам како ќе биди со авиониве, ќе Ви кажам.
НГ: Не ама и да не се враќате, телефонски слушни го, прашај го на колку 
парчиња е поделено, по колку е едно парче? И што е најважно, прашај го дали 
може сега во јануари да се заврши работата?
МЈ: Така, да. Тоа ќе Ви го кажам утре. Сакав да го земам…
НГ: Пред да, пред да се избере новиот состав, ме разбираш? Оти новиот состав е 
неизвесно, не знаеме што ќе биде.
МЈ: Така е.
НГ: Е така. А за тоа помалото, тоа не ми треба уствари да се дели, зошто? Нели 
го направивме тоа да може и друга варијанта да биде, така?
МЈ: Е па за другата варијанта Ви викам на три да се подели, за да биди друга 
намена, како што зборевме. Да има таква можност.
НГ: А ако остане едно, ќе биде едно големо, така?
МЈ: Да де да. Многу големо е така.
НГ: Е па неам појма, нека си остане големо. Што знам? Ако е големо, можеш и да 
го направиш и мали, ако е, ако го поделиш не можеш големо да го направиш.
МЈ: Зависи. По мое, поголем интерес би имало за 3х1.000, грубо и можи тројца…
НГ: Ама за вакво, за индивидуално.
МЈ: Не, за зграда ја мислев.
НГ: Е не знам сега, ја не се разбирам, не се разбирам. Ја па мислев дека што 
поголемо, подобро. Од овие што купуваат такви…
МЈ: Сите што ги продаваме се околу 1.000, 1.100, 900. 500 прават во основа, 4-
5 ката, полесно така му оди.
НГ: А, мислам дека он за тоа нема ни почнато ДУП. За ова, ја за тоа не сум ја 
збркал асално работата, за тоа.
МЈ: Ама ја ја терав.
НГ: Ти ја тераше?
МЈ: Да.
НГ: Е па добро, напрај го така, па сега. Ја не знам, стварно не знам дека тоа 
што викаш дека по 1.000 се најчести и така, не го знам тоа. А по колку се 
високи тие обично, што се по 1.000?
МЈ: Приземје плус 5, приземје плус 4, така.
НГ: Аха. Добро, значи 3 комада ќе може на тоа место?
МЈ: Да.
НГ: Добро. Не, стварно не знам, мислам неам претстава, дали е тоа океј или не 
е океј.
МЈ: Може да направам уште едно истражување генерално…
НГ: А бе вака ти тргни, кога би било твое тоа, како е најбоље за тебе, така ќе 
го направиш.
МЈ: Е па така, така мислам дека е најдобро.
НГ: Е сега, ти да си у истава ситуација, како ти би постапил, така.
МЈ: Така мислам дека е најдобро, за тоа така Ви кажувам и на Вас.
НГ: Океј. Океј. Ако е така најдобро, така да тераме. А за ова другото види, да 
биде у јануари и на колку е поделено. Тоа на колку е поделено ми е помалку 
битно, отколку да биде во јануари. Знаеш, и да е на 10 поделено, океј.
МЈ: Така. Океј.
НГ: И на 5 да е, пак океј. Битно ми е да, да тргне.
МЈ: Важи, разбирам.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org