Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Силвана Бонева. Никола Груевски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Нема фирма што не е изрекетирана во Струмица
Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

СБ: Ќе треба да внимавате за рекетот и за се тоа што ми го кажувате, 
пресликано се е Струмица. Јас му кажав на Миле, за време на кампањата, он 
малку го излажа Ставревски за да не му писка. Оти тоа било пред да стигне Миле 
нели во Струмица, рекетот што се правел во фирмите во Струмица. Меѓутоа, 
рекетот не беше на почетокот на кампањата, туку негде до средина на кампањата 
течеше, и тоа ненормален рекет. Нема фирма што не е изрекетирана во Струмица. 
И многу лошо тоа се одрази на…
НГ: Кој рекетирал?
СБ: …на самата кампања. Славе Гошев.
НГ: Од кого?
СБ: Славе Гошев. Фирма нема што не е изрекетирана во Струмица…
НГ: Чекај, ама рекет, што е рекет?
СБ: И веќе е сосопственик на Вега…
НГ: Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те 
затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми.
СБ: Со се. Со закани, со закани и со таксување на најневозможни нешта за 
зимање на пари. Со се и сешто. Немаше човек што….
НГ: Немам таква информација од никого јас таму, да ти кажам.
СБ: Е па не Ви кажале. Ама Миле го подбра после Славе Гошев, и излезе така бел 
како крпа од состанокот, оти отворено го кажаа и од другите комитети слушнале 
исто, околните. Нели регионална имавме средби, и отворено кажаа оти рекетот е 
тргнат. И плус и тоа од УМС си беше дозволил, како го викаат, тој јас се што 
ви викав дека не гласам за него, се потврди на тие избори оти не треба ни да 
постои. И тоа беше тргнат од царинарник, да дипли пари од фирма на фирма и 
викале прво 50.000 и не кажувале што, и луѓето почнале да се жалат. Терале 
евра прво, па после ако не даде, на третиот пат му викале, а бе ајде за 50.000 
денари ли си? И да ми викаат луѓето, а бе што не кажуваат оти 50.000 терат, 
нека станат, ја им ги 50.000.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org