Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески
ГЈ: А бе и мене не ми е, некој гласал, некој не гласал. А Струмица као ќе има
прегласување?
МЈ: Тоа дефинитивно е.
ГЈ: Па тоа е супер. Таму треба јако да нагазиме.
МЈ: Треба прегласување и после знаеш што е добро? Сега не знам како е, Срцев
го барав, а го прочитав сеа. Прво се прегласува, па после има втор круг?
Логично е така?
ГЈ: Да, да. Оти знаеш, таму зависи дали ќе има втор круг од самото
прегласување. Зошто може да падне цензусот…
МЈ: А ако остане само Струмица, сите у Струмица тогаш топтан.
ГЈ: Еее, тогаш комплет.
МЈ: Цела Влада у Струмица, претседатели на месни комитети да бидиме.
ГЈ: Да, да.
МЈ: После лесно е да имаш една…
ГЈ: Е многу ми е мерак…
МЈ: Една општина да имаш…оооо, Струмица
ГЈ: Многу ми е мерак да ти кажам.
МЈ: Посебно на мене и на Зоки, ептен.
ГЈ: Мене ми е ептен мерак за Струмица.
|