Избери говорник | Гордана Јанкулоска. Зоран Ставрески | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: Овој копиљов у Апелационен суд што аплицираше, инат тера. Сакам таму да му го загорчам животот | |
Разговор помеѓу Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска ГЈ: Ало? ЗС: Горде? ГЈ: Е кажи? ЗС: Можеш да збориш? ГЈ: Можам, само еве. Водам комисија да искочам, извини, секунда. ЗС: А добро, бе добро, заборавив, не е итно. ГЈ: Не бе кажи, искочив. ЗС: Еј… ГЈ: Кажи бе кажи. ЗС: Види, овој копиљов од кај мене што ти кажував у Апелационен суд што аплицираше, инат тера. Значи не го повлекува од кај мене барањето, игра на картата за да изминат 30 дена пошто по автоматизам нели му следува решение… ГЈ: Да де да. ЗС: …од понеделник немало да оди на работа и ме изнервира право да ти кажам, сакам таму да му го загорчам животот. Можеш ли ти, по некоја партиска линија тоа да го направите? За да не бидам јас директно, да не дигам слушалка, него Стојче, или кој ти е таму да се јави таму и да рече: не може ова да се вработи, по партиски треба да биде вработувањето, и не ни е партиски… ГЈ: Види, знаеш што може. Он сега фактички, Апелационен суд…мислам, може ова, да ти одговорам директно, ќе се јави денес. А, Апелационен суд ќе треба да бара обнова на согласност од тебе сега. ЗС: Да де да, ја ќе им дадам за еден. ГЈ: Не ти ќе им дадеш, таму 10 се, ти за 9 ќе им дадеш. И они ќе треба да се јават: кој? Ќе кажеме: тие и тие се океј, овој не е. Сфаќаш? ЗС: Да. Тоа исто можам, пошто 2012 немаат они согласност, ќе треба да ја обноват од 2011. ГЈ: Да де да, и не може да ги пријават. И ти кога ќе им дадеш 9 место 10 за пријавување… ЗС: Ама да проверам јас, да не побарале и да не сум потпишал, да не сум превидел па ГЈ: А добро, океј. Иначе ја секако ќе се јавам, ама пак да не не зезнат негде знаеш. А ја ќе се јавам и у Агенција да водат сметка за овој. ЗС: А не, ја у Агенција можам или од кај тебе овој? ГЈ: Не, сеедно. Мислам ќе се јавам и јас, и ти јави се за да направиме систем на контрола. ЗС: Добро, важи. ГЈ: Нешто да се зезне работава, да се искомплицира. ЗС: Да, пошто тера по свое. ГЈ: Да де да, многу дрско. ЗС: Не се покорува, дрско. А ја немам обичај на луѓето да им пречам во животот, ама овој пошто дрзок од прв ден и не ја научи лекцијата. ГЈ: А бе и дури некој да е што е океј човек, еве згрешил, па да рече извинете, вакатака, битно ми е, шанса ми е, ради кариера, да разбереш така? ЗС: Он пиша една порака така, извинувачка, ама се гледаше дека не е искрена, него си кажа дека, така се нашол он у целава ситуација у средина. Пази молим те, бистро дете е, не е глуп. ГЈ: Да де да. ЗС: Со положен правосуден е. И океј, добар работник ми е. Не е лош работник, уопште. ГЈ: Па не, и таму он ептен високо рангиран е. ЗС: И чесен човек е, и тоа исто. Ми е криво за целава ситуација вака што настана, ама штом сака сила да покажува, ќе добие удар со чекан, па да види на кого покажува сила. ГЈ: Како му беше точно на него името. ЗС: Кирил Доневски. ГЈ: Да, оти ти ми го кажа тогаш… ЗС: Од Велес е. Кире Доневски. ГЈ: Да, да океј е. Ти ми го кажа тогаш, ама го немам кај себе. ЗС: Добро. ГЈ: Важи, ќе ….Океј, ајде ЗС: Ајде чао. |