Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Миле Јанакиески. Никола Груевски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Плацевите на Никола Груевски
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Молам?
НГ: Ало, што правиш Миле?
МЈ: Добро, бев Прилеп, нешто на кратко, приватно и се враќам назад.
НГ: Во Прилеп?
МЈ: Да. Не, не, бев Прилеп, се враќам, веќе сум Велес.
НГ: Ааа, така. Можеш да збориш или со луѓе си?
МЈ: Да, да, можам.
НГ: Ова го гледам што си ми пратил, стара и нова варијанта.
МЈ: Добро.
НГ: Океј е сега. Патот гледам е пак тука-некаде.
МЈ: Искорегиран е максимум што можеше да биди.
НГ: Максимум, а?
МЈ: Да. Значи од таа цела површина, 1.000 би се зеле метри. Пишува таму колку 
е вкупно, а колку би се зеле.
НГ: Аха.
МЈ: Зошто па треба да се поврзи со друга површина. Значи, макскимум што можеше 
да се земе е направено.
НГ: Така, така.
МЈ: А разликата, ако видовте тој, еден исенчан простор има…
НГ: Мхм.
МЈ: Тоа е разликата меѓу приватната сопственост и максималната линија на ГУП-
от. И тоа сега во Катастар е…пишува таму РМ, и корисник има.
НГ: А не може ли одозгора да иде патот, кај што сега има уличка и некаде 
застанува таа, до некаде? Ме сфаќаш? Горе, тоа е доле, тој проектираниот. 
Мислам…да доле, тоа така му доаѓа. А одозгора има еден, кој што сега постои и 
на едно место завршува. И треба, по мене уште 50 метри за да се стигне до 
границата на оваа, парцелата.
МЈ: Тој што е сега земјен, така?
НГ: Тој што е сега земјен, да.
МЈ: Е па ова што Ви пишав…
НГ: Или ова е подобро, новото?
МЈ: Ова што Ви пишав е значи да се направи земјениот, да се прошири да биди 5 
метри, плус од двете страни као пешачки патеки и плус би се поврзал со таа 
новата…новиот, со новата улица, што го има во сегашниот предлог. Оти 
сега…сегашниот предлог се уште не е ставен во план, и не може да се реализира. 
Значи, ме разбирате, така?
НГ: Да.
МЈ: Значи, тоа што би се правело сега, би било до границата и кога би се 
направил планот само би се проширило и таа малку, колку ќе биде незнам, не 
знам, 100-тина метри максимум, може и помалку. Таа на среднина што поминува.
НГ: Мхм. Океј. Значи, сега ќе се иде на тој постоечкиот, кривината да се 
направи и да се прошири уште малку, односно да…подолг да стане, до границата 
на парцелата да дојде.
МЈ: Да, 5 метри би била. Значи, нормална улица, градска улица.
НГ: Е ќе се стигне ли да се прави до април?
МЈ: Е па, значи ставено е во програма, годишната, ставено е тоа. Е сега треба 
да се даде налог за проект. Јас ќе зборам со овој, да даде налог за 
проектирање. Проектирањето толку трае, оти рамковни договори се и потоа, на 
пролет да почни да се гради, кога ќе има можности.
НГ: Да му речам јас? Ја у понеделник, не сега, у понеделник ќе се видам со 
него. Роденден му е, па ме кани таму, па ќе се видам.
МЈ: Па, спомнете му.
НГ: Мада можам и да му се јавам, вака, не мора да се гледам.
МЈ: Спомнете му.
НГ: Да му речам, Миле за тој што ќе ти ургира, види ако можеш.
МЈ: Е така може.
НГ: За еден наш пријател е.
МЈ: Ете така, океј.
НГ: А ти почесто јавувај му се, и така.
МЈ: Важи. Е сега, единствена дилема е тоа што е штрафираното, дали да го 
ставиме или да не го чепкаме воопшто?
НГ: Штрафирано со плаво?
МЈ: Да.
НГ: Е тоа, што е тоа сега, чие е тоа? Тоа пишува државно.
МЈ: Тоа е РМ. Да. РМ, корисничко право општина Центар.
НГ: А у која смисла да го ставите?
МЈ: Во планот, во опфатот. Потоа би се правело дооформување.
НГ: А во ГУП ли е тоа?
МЈ: Во ГУП е, да. Значи тоа штрафираното е…
НГ: Ставете го, ако може да се дооформи, ставете го.
МЈ: Може. Добро.
НГ: Тоа е височко, веројатно, така?
МЈ: Да.
НГ: Оти ми беше таму на границата е највисоко.
МЈ: Да, да.
НГ: Колку е тоа по површина?
МЈ: Пишува таму, сега не знам точно колку е, пишува…
НГ: Пишува многу, не верувам да е толку. Најверојатно тоа е некој поширок, 
35.000 пишува. А па да у квадрати метри е, да, да. Тоа…па да, многу е тоа 
35.000.
МЈ: Е тогаш да не го ставаме?
НГ: Не, не, ама не. Некоја грешка е, тоа сакам да ти кажам.
МЈ: Да проверам, сега го немам пред мене, да проверам и ќе Ви пишам за кратко. 
Или…
НГ: Ова ми изгледа мал дел од тоа што е сега, сфаќаш?
МЈ: Да, да.
НГ: А овдека на хартија изгледа како да е многу пати повеќе. На цртеж е мал 
дел од тоа што е сега, а на бројки неколку пати повеќе од тоа што е сега. 
Затоа викам нешто…
МЈ: Назад, назад има имотен лист. Таму точно пишува колку е. Три листа, три 
листа има.
НГ: Го гледам, ама…Пишува прво…има неколку такви, 34.786, па има едно 3, па 
234, па 205, па
365, и вкупно 35.593
МЈ: Ама тоа се повеќе…ќе проверам…
НГ: А?
МЈ: Ќе проверам колку е точно….
НГ: Не тоа се метри квадратни.
МЈ: Ќе проверам колку е точно и ќе Ви пишам.
НГ: Да, треба да се провери точно колку е. Вака, од ова не е јасно.
МЈ: Добро. Важи, океј.
НГ: У секој случај да. Да го дооформиме.
МЈ: Така. И добро е, знаете зошто е добро? Оти утре во иднина се може да се 
случи, некој горе да гради. Вака нема, бетон е, не може никој да гради после 
горе.
НГ: Да, да тоа ми е и мене. Тоа ми е и мене.
МЈ: Океј.
НГ: Ајде чао.
МЈ: Чао.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org