Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Миле Јанакиески. Никола Груевски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Терен за железниците тендер
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Ало.
НГ: Миле, го гледам ова што ми го прати. Значи првите се од Г, така?
МЈ: Да.
НГ: Вторите се од Ч…
МЈ: Да.
НГ: Третите се од Г, оваа доле Г
МЈ: Да, да, да.
НГ: И четвртите се од А?
МЈ: Да. Тие четири генерално можат.
НГ: Така. А може ли тука, мора ли првиот или може некој унатре што е, од било 
кој од четирите?
МЈ: Првиот има на четири ставки дампинг цена, и сега тоа треба да се провери. 
Мислам дека има финта направено.
НГ: Што значи дека може и на вториот да се иде, така?
МЈ: Па, да. Затоа реков да се видиме за…така.
НГ: Добро, ја вака првично да ми укажеш да знам у кој правец да се размислува.
МЈ: Само треба што е можно поскоро, да не дојдеме „5 до 12“.
НГ: Аха. Добро.
МЈ: Јасна е ситуацијата, тоа Ви го направив на кратко многу за да Ви е јасно. 
Инаку цел рерпот има вака.
НГ: Значи сигурен си за овој првиот дека има некои проблеми, така?
МЈ: Да, да, сигурен.
НГ: Значи може вториот евентуално, а третиот и четвриот нема шанса, така?
МЈ: Па уште…
НГ: Да не…А ?
МЈ: Па уште не е гледана уште техничката добро.
НГ: А за вториот гледана ли е?
МЈ: Не, од никој не е гледана. Значи, прегледани се, ама не е до крај. За сите 
има побарано дополнителни. Така да…
НГ: У суштина може, у меѓувреме ако се стапи со некој у контакт, може после да 
испадне дека не може да му се среди, само јаде трици у меѓувреме.
МЈ: Генерално, првите два.
НГ: Значи многу е лошо со некој да се збори…
МЈ: Да, да, знам.
НГ:…и после да му речеш: еј, убаво што си зборевме ние, ама ти таму имаш некои 
фалинки, не може. И после, е тогаш он ќе јаде трици.
МЈ: Првите два, генерално, така.
НГ: Добро, океј.
МЈ: Пријатно.
НГ: А четвртиот, не може?
МЈ: Да, малку да…
НГ: Тој од А.
МЈ: Да отворам малку, да Ви кажам, вака не можам.
НГ: Отвори, па кажи ми, да, да не се лута, знаеш.
МЈ: Важи, важи.
НГ: Ајде, чао.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org