Избери говорник | Миле Јанакиески. Никола Груевски | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: Да го завршиме ова за фасадата на ЕВН и на Сити Галери, како техничка грешка | |
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски НГ: Миле? МЈ: Молам? НГ: А бе дај, ако може да го завршиме ова за фасадата на ЕВН и на Сити Галери, како техничка грешка. МЈ: Ама Претседателе не може. Бара проширување на маркица, значи по ниеден закон, во ниедна регулатива го нема. Значи бара проширување на маркица. НГ: Од општина Центар му рекле, ако даете вие таму комисијата дека… МЈ: Ама нема комисијата… НГ: … е техничка грешка, они ќе го прифатат, и за двете. МЈ: Ама глупости е тоа. Значи надвор од…проширување на маркица, буквално бара овај. НГ: Ама вие ја предлагате, така? МЈ: Ама тоа е промена на ДУП. Како таква техничка грешка, нема таква…. НГ: Еве таа што е за урбанизам во Центар сега, рекла нема проблем, дајте ми и ќе го средам. МЈ: А што да му даеме ние, не знам што да му дадеме? НГ: Што да му дадат Миле, овај Коце, они? Коце: Видете, можете… НГ: Ама што, што да му дадат, писмо? Коце: Мислење. НГ: Мислење. МЈ: Какво мислење да дадеме? НГ: Мислење. Дека мислите дека може така. МЈ: Ама нема Претседателе, законска можност нема. Значи, проширување на маркица. Тоа е исто како да менуваме план со мислење. НГ: Ама мислам дека кај вас нема одговорност. Вие само мислење дадете. Одговорноста е кај тој што ќе го прифати мислењето. МЈ: Ама не може мислење, Претседателе…значи не знам како да Ви објаснам. И на Коце, три пати состаноци имавме. Значи… НГ: Коце ќе побара од вас мислење, он ќе го предложи и ќе ви побара мислење. И вие да дадете во мислењето, и тоа може да се толкува дека…инвеститорот ќе побара, да. МЈ: Ама Претседателе, врз база на…на…на план треба да даде извод. Значи, планот што е поминат во општината Центар е на пример да кажеме со габарит од 200 м². Тој бара со 220 или 250… НГ: А бе Миле, ова што ти го викаш они треба да го кажат, они треба да потпишат на крај, така? Мислењево е гола вода. Никаква одговорност нема некој за мислење што дал. МЈ: Не знам какво мислење. Нека каже Коце какво мислење да му дадеме, не знам. НГ: Вика да каже Коце какво мислење… МЈ: Ја ќе дадам мислење. НГ: Дека може да се третира како техничка грешка. МЈ: Ќе кажам ајде, еве јас ќе го потпишам, на лична одговорност. НГ: Во понеделник Коце ќе ја донесе неа на состанок, ама ти ако тргнеш вака, со ваков негативен став, џабе ќе ја донесе. МЈ: Не, ама јас ќе си ќутам на состанок. Ќе кажам како мислиш, така, оти знам ја како да се понашам. НГ: Да де да. Ти да гледаш да биде некаква работа сега, не да не биде. МЈ: Океј, ајде. НГ: Ако може така да го решиме и ако таа ветува дека вака ќе се реши и готово. МЈ: Океј, нека кажат какво мислење бараат. НГ: Оти мислење е мислење, да бе ја така мислам. Ти не мораш да споредиш ако јас така мислам, така? МЈ: Океј, ајде. НГ: Ти не си Собрание, па да даде автентично толкување. Ти даваш твое мислење. Твоето мислење може да биде вакво-онакво, погрешно-правилно, ама ете така си мислел ти. МЈ: Добро. НГ: А она нека си цени дали е тоа законски или не е законски. МЈ: Ајде нека напише какво мислење НГ: Само ти не и го кажувај ова на неа. Ако и го кажеш вака, она ќе се исплаши, ќе рече – ааа, штом е така, ја да не испаднам крива и нема да…ќе се повлече. МЈ: Океј. НГ: Мене ми е следно, вие немате вина, вие давате мислење. Утре ако се покрене постапка некоја, ќе речеш – добро, ние така мислевме, ако било незаконски они не морале да го направат, ние не сме Собрание па да го…законот да го толкуваме. Ние даваме наше мислење, нашето мислење беше вака. Е сега прашајте си ја женава зошто го направила тоа понатаму така. Не морала да го послуша мислењето. МЈ: Океј. НГ: Не е обврзувачко вашето мислење. МЈ: Добро, ама озбилно не знам што ќе направиме. Океј, ќе дадам мислење, не е проблем, јас ќе го потпишам лично. НГ: Важи, важи, важи, ајде. МЈ: Ајде. |