Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски
МЈ: Една консултација.
МЈ: Имам извадено по факултетиве кои се вработени а живеат во општински комитет Центар, во општина Центар
СР: Добро
МЈ: Не знам, педагошки факултет, правен факултет ваков факултет, некој од кај тебе да си ги викне еден по еден?
СР: Колку луѓе се?
МЈ: Па не се многу 50-60 луѓе се…
СР: Колку? МЈ: 50-60
СР: Добро ај прати ми ги пошо денеска ја сум у… сега сум У Охрид утре сум у Битола цел ден..
МЈ: Не бе брат некој од кај тебе од кабинет да ги викне
СР: Добро на Наташа Јаневска сеа ќе даам
МЈ: Добро ајде
СР: A како ќе ми ги пратиш тие?
МЈ: На Наташа ќе и ги дам шо има тебе да те…
СР: Добро ајде.
|