Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Марјан Ристески
МР: Да Горде.
ГЈ: Маријан,
МР: Да.
ГЈ: Сега проверувам со нашиве, значи нема пријавено никаква тепачка.
Единствено што има пријавено, што тоа е ништо, вербална расправија за возило
на улицата кај што протестирале.
МР: Ама мене ко што ми кажаа удрено било детево, а татко му од кола го
извадиле.
ГЈ: Такво нешто нема пријавено. Значи има само вербална расправија за
паркирано возило кај што протестирале комуњариве. Значи ако е удрено, треба да
пријават такво нешто. Ако има лекарско да донесе лекарско, ако има повреда…оти
вака…
МР: Ништо не правиме вака, а?
ГЈ: Вака не е ни за пријава, вербална расправија. Знаеш што е вербална
расправија? Двајца комшии кога ќе се запцујат меѓу себе.
МР: Ај јас сега се враќам Прилеп, па да видам што е како е.
|