Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Гордана Јанкулоска. Зоран Ставрески
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Ја тоа сакам да му го затворам, ќе го затворам тој Пиво фест
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Претходно го рибав, ја оплеска работата со инспекциите, и место сега да се 
извади на тоа, се правдаше, извини , сто пати извини, не знам што…
ГЈ: Да, па нели ми кажуваше…
ЗС: Сега уште како лефтерен, онака, таков е целиот како…и он и Владо се исти 
типови, ко…лефтерни, така…на заебанција се им оди…
ГЈ: Ама не може така на заебанции, знаеш…Сега бар, ај јас не толку, ама ти 
колку имаш направено за него, па и ја бе. Пиво фесотот, ја да не сум…порано 
луѓе убиваа на Пиво фест.
ЗС: Да бе да.
ГЈ: Сега нема сообраќаен прекршок на толку алхокол испиен. Знаеш тоа кој 
ангажман е на…
ЗС: А бе ај, ја тоа сакам да му го затворам, ќе го затворам тој Пиво фест.
ГЈ: Така?
ЗС: Не може да си игра играчки он со мене. Минатата година кога отиде Горан на 
контроли, 100 телефони најде да ме…да му помагам.
ГЈ: Мислам неубаво изгледа и ради другите луѓе што беа, сеа сметката, ова-она. 
Не, неубаво мислам. Ај…
ЗС: А бе должен е таму да седи. Што прави четири и пол саати, те молам?
ГЈ: Да бе, нели ти имаше пишано: ќе ти кажам, проблеми имав, ова-она.
ЗС: Кој проблеми, четири и пол саати не можеш да седнеш.
ГЈ: Не знам што проблем е тоа, да не треба он да пее…
ЗС: Бранко Црвенковски да дојде, па ќе седнеше со него.
ГЈ: Ама и ред е да седне бе. Ред е да дојде да го поздрави, да седне, било кој 
од таков ранг политичар, така? У странство да отидеш, па ако те знаат дека си 
министер, ќе дојде, ќе те поздрави тој што е организатор ќе седне со него, што 
ништо не му значиш, а не ти колку имаш за него направено, и за Прилеп и за све…
ЗС: Сељачиште.
ГЈ: Тоа е чудно, многу селски. Мене баш така уште на сам почеток, тоа со 
седнувањето неубаво ми дојде ама…
ЗС: И мене бе, и мене. Јас се изнервирав уште тогаш и затоа си се свртев, не 
му правев многу муабет.
ГЈ: Знаеш сега јас се потргнав, му правев место, седни меѓу нас двајца-не 
седнува.
ЗС: Да де да.
ГЈ: Идиот.
ЗС: Ко да секој може меѓу нас да седне или друг да седне на таа маса.
ГЈ: Да бе да, мислам знаеш сега…фактички јас се поместив, станав од моето 
место за да му направам на него. Мислам ептен неубаво.
ЗС: Јас се мислам да му држам некое време лутина, така да, го побарав еднаш 
повратно зафатен му беше телефонот и не го барав и не му одговорив на ниедна 
од пораките, уште една ми пушти сабајлево…
ГЈ: Не, не, не знам дали ми пуштил, не ми текнува…
ЗС: Се мислам да заоштрам. Не ми се свиѓа целава оваа работа, не сакам да му 
попуштам одма.
ГЈ: Види, јас со него немам ни некоја релација, немам ни многу комуникација, 
едино вака, на мајтап со Миле…така да заоштрено е кај мене.
ЗС: Ја имам…
ГЈ: Да, добро кај тебе е друго…
ЗС:…знаеш, у моја изборна единица, значаен град, тие работи, ги ставам сите 
работи на куп. Затоа не знам што да правам, иначе…
ГЈ: Не, ама треба да разбере…
ЗС: У исто време кога ме моли за 100 работи, он се однесува детски, место…не 
знам како да го кажам, не знам…
ГЈ: Треба да разбере дека не е во ред тоа што го направил, иначе голема работа 
бе за една сметка или било што, односот не е во ред.
ЗС: Да де да. Или ја ако не седне Маријан до мене, ќе се онесвестам.
ГЈ: У депресија ќе паднеш. Не е во ред. И така…
ЗС: Ја ако сакам да се забавувам ќе си отидам, Здравко овдека беше у Скопје 
нема да акам до Прилеп, ако ми е чисто за Здравко.
ГЈ: Ни Маријан, ни никој..
ЗС: Да.
ГЈ: Ова одењево…
ЗС: Кај да отидам, на кој сакаш штанд ја да отидам, ќе ме…
ГЈ: Ќе се искршат….
ЗС: На раце ќе ме држат.
ГЈ: Ќе се искршат. Па тие едвај чекаат да им дојдеш и да те видат дека си ти 
таму. Повеќе за другите, отколку…и на нив им е битно…
ЗС: А бе сите тие таму зависат од мене, на еден или друг начин. Сите нешто 
побарале или бараат.
ГЈ: Да бе да.
ЗС: А бе утре да решам јас еден од тие да затворам, ќе го затворам за 24 часа, 
сите се незаконски.
ГЈ: Многу без врска.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org