Избери говорник | Гордана Јанкулоска. Зоран Ставрески | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: Иванов ургирал членови на неговото обезбедување да одат во Авганистан | |
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски ГЈ: Абе кај нас еден куп луѓе од специјална отидоа. ЗС: Од што го бараат него таму, го бараат зошто е трениран, готов кадар. ГЈ: Да де да.. у него има инвестиција десет години, нема обуки што не ги поминале,и сега оди таму, факт е дека сега за три месеци триесет илјади евра ке земе, хм, ама неможе така, некој друг да те тренира, тии да си вадиш пари на тоа, приватно. ЗС: Да де и сега ја треба да барам нов, и ти треба да си останеш без човек, три месеци, он таму пари да праи. ГЈ: Аа кога ќе се врати ќе видиме кај ќе работи, нема да работи у специјална. ЗС: Па сигурно, не ни сакам ја да работи кај мене.. после тоа. ГЈ: Ќе работи.. не , ќе работи некаде полицаец у куќичка. ЗС: Да. Океј.. ГЈ: Јас се изнервирав тогаш, спротивно на муабетот со тебе, Џоле на два пати ми се јавува, ми вика, ама знеш нема пари да иде ова она, па викам абе претседателе, не е добро обезбедување на претседател, прво некој ако разбере, скандалозно е. ЗС: Па сигурно, второ он знае толку тајни за начинот на обезбедување на претседател и на вице премиер или на било кој…. ГЈ: Да де да… ЗС: .. што може било кој за уште триесет илјади евра , и може да те продаде како сака.. ГЈ: Да де даа, па тоа ти викам, јас.. ЗС: Кај го има тоа , после ваква работа. ГЈ: И тоа Џоле ми бараше на двапати у иста година, викам неможам у иста година, пошто незаконски, и го одбив, чекаше до јануари другата година, да речеме првиот пат беше у март, од март, како му доаѓа до јуни јули, чекаше јануари, пак отиде јануари. ЗС: Толку му сече на тој, па ти , тој е лефтерен тип. ГЈ: Ама не е.. мислам претседател на држава е во прашање, не е претседател на месна заедница. ЗС: Да ама на што ќе личи, идат наај, овакво, највисокото обезбедување од државава наша, пази медиумски ако се дозна, на што ќе личи. ГЈ: Мене тоа ми беше поентата. ЗС: Такааа? нема да личиме на сериозна држава,бегаат. Како ќе се оправдаме ние како политичка партија, ќе речат дури и тие што се на овакво.. ГЈ: Што им се најблики … ЗС: Бегаат у странство.. ГЈ: Не, тоа не е,мислам .. ЗС: И политички штетно и вака бе, зошто треба да одат они таму,као, тренирано говедо тука си го пуштил на милион места да оди на обука , и сега он таму ќе.. си отиде. ГЈ: Многу луѓе си одат.. мислам , ти кажувам еве и брат му на Влатко сега ќе оди у Авганистан .. и он работи.. и ќе си земе неплатен одмор. Он работеше три години у Авганистан, мада он не работи такви работи, он работи ПИ-АР, не ее мислам, високоризична работа, а е исклучително добро платена, ќе иде три месеци, ќе земе може и повеќе пари он, он тоа не може тоа да го заработи за две години овдека.. ЗС: И тоа не е во ред сега.. и тој.. ГЈ: Не е во ред.. ЗС: Тукааа, со твоја ургенција се вработи и сега пак му текнало.. ГЈ: Да де даа. ЗС: Си оди сега.. мислам не е во ред. |