Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Муса Џафери. Сашо Мијалков
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Ќе ги вратат компјутерите, чекаат наредба од истражен судија
Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков

МЏ: Здраво.
СМ: Здраво Муса, што правиш?
МЏ: Па еве те барам уште порано. Можеби спиеше.
СМ: Одмарав малку да ти кажам искрено. Нешто бев овие денови не одморен.
МЏ: Знам, знам.
СМ: Па малку одмарав.
МЏ: Види, ама, ај кажи ми кај кого да оди тој? Ми спомна тие во Кичево, протестираат уште во суд.
СМ: Вака сега. Сакав да те барам тебе уште синоќа. Сакам да ти кажам овај…ќе биде се океј. Него 
сакам да ти ја отсликам ситуацијата реално.
МЏ: Ма ако сакаш…
СМ: Значи вчера…Молим?
МЏ: Ако сакаш покасно, некако и така на некој начин, на кратко да се видиме. Не само за овој 
случај, него општо вака.
СМ: Ама види, у 1 саат имаме ние Унија на млади сили, сега е 12 више. Додека се спремам, да отидам 
у 1 да сме таму. Тоа сигурно ќе трае до кај 3, а после има овој Орце Камчев прави роѓенден на 
децата од 1 саат. Ќе каснам ја таму едно 2 саата,
МЏ: Океј. Ај кажи ми…океј, што почнавме.
СМ: Па ќе се видиме ние можеме приквечер да се видиме. А вечер јас, мене ми е денеска, имам некое 
така фамилијарна обврска.
МЏ: Не, не, не. Не мора, не мора, не знаев ако си толку под притисок, ама ај кажи ми за овој 
случај.
СМ: Вака сега, јас сакав да те барам јас уште синоќа. Нели вчера они кога рекоа ќе ги вратат 
компјутерите, значи они рекле дека чекаат наредба од истражен судија за да они направат копија. И 
која што копија…
МЏ: Од кичевскиот.
СМ: Да, кичевскиот истражен судија и таа копија одма да им ја дадат на нив. Тоа е тоа што на нив 
им требало. Со тоа се они задоволни. Меѓутоа, најверојатно некои од нивна страна влијаел на 
кичевскиот истражен судија. Кој што во случајот е Македонец, а го проверив јас тој бил некој 
криминалец, што зимал пари ваму-таму, не е битно. И тој не сакал да даде наредба. И затоа овие 
вчера малце ги…
МЏ: За враќање?
СМ: Слушај ме сега. А?
МЏ: Да, да. Ај те пратам.
СМ: Да, да. Прати ме до крај, ќе ти биде јасно пошто јас многу јасно и едноставно ќе ти кажам. И 
тој не сакал да даде наредба. А они без наредба не смеат да направат копија, зошто тоа е повреда 
на постапката. Да ја дал таа наредба уште вчера, уште вчера ќе им било на овие направена копија и 
дадена на нив и завршена работа. Значи наредба за вештачење. Истиот судија дал наредба за претрес 
и сега не сака да даде наредба за вештачење, што нема логика. Значи ти ако даваш наредба за 
претрес,
МЏ: Да.
СМ: Која е логиката да не дадеш наредба за вештачење на предметите кои се изземени од претресот…
МЏ: На документите, да.
СМ: Ме разбираш? Што значи јасно е дека некој таму влијаел. Дали вака, дали онака. Не знаеме како. 
И тој рекол: не давам наредба. И вчера, синоќа се јавивме таму, реков јас да се јават на тој, да 
кажат дека нема логика да не дава наредба, да даде наредба затоа што треба на луѓето да се…да им 
се врати.
МЏ: Наредба за вештачење.
СМ: Он им рекол: нека дојдат утре сабајле, ќе им дадам наредба. Овој им дал наредба дури сега, 
пред едно саат време,
МЏ: Да, ми спомна тој дека се во Кичево кај истражниот судија се.
СМ: И дал наредба. И он сега ќе трееба уште саат време да направат копија и ќе им дадат. Што значи 
дека…
МЏ: Океј, океј.
СМ: Ама не е тоа добро бе, така они сега да влијаат, да прават, знаеш. Кај им правиме ние попуст…
МЏ: Ај ќе го прашам, јас само телефонски преку нив. Тој тргнат беше уште во 10 саатот накај 
Гостивар и ме бараше, ми рече: ај кажи ми, ако ќе биде да дојдам до Скопје да ги земам или не. 
Истотака ми спомна нешто за судот, што Вие ми кажавте таму кај истражниот, кичевскиот…
СМ: Да, вака сега. Значи јас мислам дека они имаат контакт од нив и они сигурно ќе се спојат и ќе 
им кажат кај да дојдат. Таа работа е во тек, дадена е наредба и во процедура е, прашање е дали е 
саат, два, три, толку е прашање, таа работа е завршена.
МЏ: Д, да. Пошто тој не сака, ни ја да Ве замаварам на Вас, имате фамилија и приватни…
СМ: Ама тој Ве замара, и Вас Ве замара.
МЏ: Ааа бе види. А бе и јас не сум го видел, ќе го сретнам кога ќе дојде да ги земе тука тој, со 
Исмаил. И претпоставив дека тие се шушкаат горе-долу под притисок, паника…Кој е истажниот судија, 
како се вика?
СМ: Некој Македонец, не знам кој е. Некој Б,Б…на Б му е презимето.
МЏ: Да му кажам на овој да дојде да чека во Скопје?
СМ: Па не знам јас сега каде. Ај јас сега ќе се јавам, од финансова полиција, они имаат контакт од 
нив…
МЏ: Тој ми рече дека копмјутерите се во Скопје.
СМ: Вака сега. Сега ќе му се јавам на Љупчо, они ми се јавија мене сабајле да ме известат, односно 
не сабајле, сега се јавија пред пола саат и ќе му кажам да се спојат, да ги викнат, да си завршат 
работа.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org