Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Миле Јанакиески. Никола Груевски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Кои локации шефот на Владата ги пикирал за својот барокен сон
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груески

НГ: Ја го имам пикирано она земјиште, знаеш каде, спроти Бристол. Што остана, нели на едниот ќош 
ставивме две згради кај што е и гаражава,
МЈ: Добро.
НГ: А на другиот ни остана не стаен, ама многу ќе се будат станарите у п___ матер.
МЈ: А оваа, сега не знам за кого Ви е таа, Славе ми ја покажа некни, кај…од кај Алпине накај 
библиотеката. Таа е убава локација, таа е една подолга, ама не знам да не е голема.
НГ: Од Аплине накај која библиотека?
МЈ: Накај МНТ, натаму. Од Алпине, во продолжение на Алпине, тука кај…
НГ: Е па таа е за Радиодифузија.
МЈ: Аха, добро.
НГ: Тоа е кај МОБ, така, кај тоа тревњакот на МОБ.
МЈ: Е тука, да.
НГ: Тоа е за Радиодифузија.
МЈ: Само два ката таа да биде?
НГ: Па 2.000 квадрати, не знам колку ката ќе биде.
МЈ: Мхм. Океј.
НГ: Колку им треба-толку. На нив им требале 2.000 квадрати.
МЈ: Баш тука голо е тоа, и добро е, таа локација ќе се затвори целата.
НГ: Да, ако е чиста, сега ќе видиме.
МЈ: Знам, беше Славе кај мене, почнавме да испитуваме
НГ: Да, за таа рачунам више, Славе си тера тоа и ќе биде. Мене ми е сега оваа, страв ми е, дали да 
ризикувам едно 50 гласа ќе изгубиме тука, за у таа зградата, а?
МЈ: Градежна експанзија беше, Славе ми ја даде.
НГ: Миле!
МЈ: Да, да, Ве слушам за тоа.
НГ: За ова спроти Железничка, од левата страна, кога гледаш од кај Стара железничка од лева.
МЈ: Да де, знам, знам. Знам каде е.
НГ: Да ризикуваме или не, што викаш?
МЈ: Тука има еден парк. Не знам тука. Тој малиот паркинг што е…
НГ: Ај провери тие чии гласачи се, за секој случај. Ако се комуњари и вака и така да тераме.
МЈ: Само да се разбереме, кај што има сега еден мини паркинг, така?
НГ: Не бе не, некое спомениче има сега таму.
МЈ: Да де, и паркинг. Спомениче со паркинг. Едно како, малку како топка…
НГ: Па нема паркингот да го пипкаме ние. Ќе им го оставиме, само парчево. За мала зграда зборам 
тука. И не знам за што. Ќе најдеме некој како Совет за радиодифузија, што имаат сами пари, како се 
викаат тие..
МЈ: Да де.
НГ: Регулаторни, некои ќе најдеме, да се изгради некоја убава, така барокна зграда.
МЈ: Многу е начичкано таму ептен. М? Сообраќано решение…
НГ: Знам дека е начичкано, ама со грди згради е начичкано, сакам да го разубавам просторот.
МЈ: Ај да испитаме имотно-правна состојба, како е таму, што…
НГ: Испитај имотно-правно и види како да најдеме, преку кого, како гласале во таа зграда.
МЈ: Е, ги имаме тие податоци во центар.
НГ: Провери го тоа, па другата недела јави ми. Ако гласале за СДСМ, кој ги ебе, и вака и така ќе 
ги губиме, нема да гласаат за нас, да тераме.
МЈ: Градски ѕид…а не стои зад тоа Градски ѕид.
НГ: Не е Градски ѕид тоа,
МЈ: Не, како месен комитет
НГ: Таа е една висока кула, така малку на ќош поставена. Знаеш.
МЈ: Многу висока.
НГ: Како некоја боја, црвенкасто-кафеавкаста.
МЈ: не, не по месни комитети гледам. Добро, ќе испитам, знам точно.
НГ: Ај види. Оти што знам дали у следниот мандат ќе имаме ние, после локалните избори, дали ќе 
имаме мнозинство таму.
МЈ: Тешко ќе биде таму.
НГ: Колку гласа би изгубиле? 100 гласа ќе изгубиме? Колку живеат? А?
МЈ: Ја мислам…не е…знаете ДУП-от и после луѓето забораваат, а нема да му градиме ние пред избори 
таму.
НГ: Ама спроти нив ќе градиме. Спроти нив во спетември почнуваме.
МЈ: Спроти нив да, ама нема да му градиме у двор, тука.
НГ: Да, ама ЕС-ДЕ-ЕС ќе ни организира протести пред општина кога ќе се носи ДУП-от тие работи, 
знаеш како иде тоа. Ќе ги собере станарите, ќе ги донесе пред општина. Па на Уставен, па ваму, па 
таму, сите работи ќе ги пробаат. За да ја држат темата отворена. Ај испитај го, па јави ми вторик-
среда.
МЈ: Важи.
НГ: И за број на гласови и за имотно-правни.
МЈ: Готово.
НГ: Ајде чао.
МЈ: Чао.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org