Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Влатко Чингоски. Никола Груевски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Груевски го кара Чингоски оти барал уште пари од потенцијалните инвеститори.
Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Никола Груевски

ВЧ: Ало.
НГ: Ако, како си?
ВЧ: Добар сум. Како сте Вие?
НГ: Добро, добро. Да те прашам…
ВЧ: Кажете.
НГ: Дали е точно дека ти на овие за софтверот си им рекол да дадат уште 350?
ВЧ: Не е точно. Тие дојдоа кај мене со понуда…
НГ: На тој Жарко што вади пиштол, и ако добро разбрав на братот на Горде.
ВЧ: Не, не, не, не. Не, не. Само ги мешаат…
НГ: И тоа директно таму, од тие Чеси ли се, што ли се…ти си барал уште 350, ти лично.
ВЧ: Не, не, не. Значи…
НГ: На овој пиштолџијата и на братот на Горде, ама за ова не сум сигурен второто, уште еднаш треба 
да препрашам.
ВЧ: Не, не. Значи беше кај мене и тој другиот. Бугаринот беше кај мене, што ми пративте порака 
преку Ленче. Разговарав јас и со Чехот. Значи тој Бугаринот сега вика, не се 600 кај што треба да 
завршам работа, туку се 950.
НГ: Мхм.
ВЧ: И се што е од проектот он му бара уште 350 да му земе.и човеков вика јасс нема кај да му дадам 
упте 350 за таа намена.
НГ: Мхм, мхм. Значи они меѓу нив таму нешто имаат.
ВЧ: Значи јас му вика…ми дојде кај мене он, и ми вика: вака, вака, јас толку имам за давање. Викам 
да ти кажам право јас имам соодветно ниво, кажано ми е дека е 600 таму. Не вика, немаш ти 
информација, 950 е. Јави му се сега на Чехот и кажи му 950 да ми префрлаи.
НГ: Мхм, мхм.
ВЧ: Јас вчера му реков: види вака, јас не знам што вие внатре имате меѓусебно. Јас знам за 600. 
Ако е повеќе…
НГ: И јас знам за 600.
ВЧ: Е. Нека ми се јават луѓето…
НГ: Како беше, 550-600?
ВЧ: Да, така беше. Прво беше 400. И Ви кажав јас, и Вие ми рековте: вака и вака, овие повеќе можат 
да завршат работа и јас Ви реков, тобро тогаш кажете ми, и Вие ми рековте 600. Добро, и така ја 
направивме работата.
НГ: Така, така.
ВЧ: И сега овој ми доаѓа и ми вика 950 е. Извини, ама јас знам за 600.
НГ: Океј. Ќе испитам од кај е работата.
ВЧ: Е, значи има некоја линија…
НГ: Кој кого мува тука да видиме.
ВЧ: Да, значи има некоја линија…
НГ: Некој некого мува, сега треба да видиме кој-кого.
ВЧ: Да, да. Некоја линија…
НГ: Ти му се јави на тој таму?
ВЧ: Не, ништо не му се јавив. Му реков: види, јас додека не ми кажат од соодветно ниво дека треба 
950, јас не можам да му се јавам на Чехот.
НГ: А да прашам, може и 950 тоа значи?
ВЧ: Тој вика дека толку ветил.
НГ: Аха.
ВЧ: На линијата толку ветил. Е сега која е линијата јас ниту знам, ниту ми е познато. Малку ми 
изгледа човекот…
НГ: Па добро не ги зборам тие работи, знаеш, не е добро да се зборат.
ВЧ: Да, Ве разбирам.
НГ: Како што ти кога си линијата не спомннувам никаде, така и други кога се линиите не спомнувам 
никаде.
ВЧ: Да, да.
НГ: Океј, значи така.
ВЧ: Кога ќе се видиме, ќе Ви…
НГ: А баш ме интересира, твоја проценка е ако линијава запне за 950, 950 ќе биде?
ВЧ: Ако линијава запне, ќе мора да биде толку. Ама тогаш ќе треба од некое друго ниво да се земат, 
нема од каде на друго место. Ќе треба да се прават дополнителни работи и така натака.
НГ: Аха, аха.
ВЧ: Така ми вика мене Чехот, вика јас немам толку…
НГ: Значи не е точно дека ти за тој Жарко и за…дали на Горде брат и, дали добро разбрав, не знам, 
си барал?
ВЧ: Не, не, не. Јас не барав. Јас само барав дека документ менаџмент системот, ги прашав колку 
кошта, ми рекоа толку ќе кошта. И тоа оди преку Жарко за документ менаџмент системот за ИМС. И тоа 
си е понуда. И му викам ако тоа е понуда таква, ти средства треба таму да одат. Он вика не е 
толку, значи оваа другава линија, од исток, не вика те лажат, не е толку, олку е, другите треба 
кај мене да дојдат. И јас му викам видете, јас не сакам да навлегувам внатре во вашите односи. Јас 
знам за 600, и очекувам дека толку ќе се реши.
НГ: А не го разбрав тоа со Жарко, што е тоа значи? Кој на кого таму треба да плати?
ВЧ: Значи, Жарко е задолжен за локалната компонента кај што треба да се воведе документ менаџмент 
системот. А тој документ менаџмент систем всушност се купува од компанијата каде што работи Горде. 
И тоа е во тендерска…
НГ:—-
ВЧ: Во тендерскиот пакет е тоа. Внатре е внесено уште при изборот, не е нешто ново.
НГ: Аха.
ВЧ: И сега Жарко вика, сакате сите пари мене да мим ги земете, јас да останам без динар. А не е 
докажано дека 950 треба да помогне.
НГ: Кој вика, тој Жарко, тоа?
ВЧ: Тој другиот. Да, Жарко тоа вика, ама пред Чехот, заедно со Чехот беа кај мене. Вика овој сега 
од исток, Стиљан, како се вика, он вика се сака да земе, под наслов дека не се 600, него се 950.
НГ: Демек сака и на Жарко тоа да му го земе, така?
ВЧ: Да, да, да. Сака се да му земе на Жарко и му вика ти нема потреба да бидеш во…
НГ: А по кој основ на Жарко тоа му следува?
ВЧ: Не му следува на Жарко ништо. Затоа што договорот внатре во конзорциумот е Жарко ќе ги тера 
локалните работи, локализација на македонски јазик и документ менаџмент систем да го имплементира.
НГ: Тоа во документацијата тендерска беше?
ВЧ: Во понудата да, во понудата.
НГ: Во чија понуда, нивната?
ВЧ: Во Чесите, да, чешката понуда. Тие имаат конзорциум од 4 фирми.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org