Избери говорник | Миле Јанакиески. Никола Груевски | |
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска Блерим Беџети Ванчо Костадинов Васил Пишев Виктор Цветковски Виолета АндоноваВладимир Талески Влатко Илиевски Влатко Мијалков Влатко Чингоски Горан Иванов Горан Савовски Горан Трајковски Гордана Јанкулоска Дарко Димитриески Драган Павловиќ Латас Душко Миновски Елизабета Канчевска Милевска Емил Стојменов Жарко Луковски Живко Пејковски Зоран Коњановски Зоран Ставрески Зоранчо Алексов Зоран Јолевски Иво Котевски Ивона Талевска Илија Димовски Ирена Мишева Јово Вангеловски Кире Шошев Кирил Божиновски Ленче Самарџиевска Љупчо Димовски Љупчо Шврговски Љупчо Тодоровски Марјан Ристески Марјан Наковски Мартин Протуѓер Мендух Тачи Миле Јанакиески Михајло Маневски Муса Џафери Надица Танчева Гулиева Никола Груевски Никола Мицевски Никола Тодоров Онер Јакупоски Панче Кралев Саша Митрев Сашо Аќимовски Сашо Мијалков Светлана Костовска Силвана Бонева Силјан Мицевски Славе Гошев Слободан Николовски Софија Лаличиќ Спиро Ристовски Стевчо Јакимовски Томе Аџиев Трајко Вељаноски Фатмир Бесими Филимена Маневска Цветко Грозданов |
Предмет: Груевски предлага МНР на диво да се всели во зградата | |
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски НГ: Ало. МЈ: Молам. НГ: Миле. МЈ: Да. НГ: Збориме за ова зградата на МНР, дали може некако некоја условна, времена, слично нешто, дозвола употребна да се даде? Ако е за паркингот просторот да се оди на тоа дека има Холидеј Ин паркинг голем тука. За вие после да се вселите во старата зграда. МЈ: Да проверам, ама не знам дали има такви услови во планот. НГ: Еве Холидеј Ин рачунајте го. И нешто привремена, ваква, онаква, смислете нешто. МЈ: Нема таква во законот. НГ: А? МЈ: Или даваш или не даваш употребна дозвола. НГ: Е па тогаш да дадеш на база на Холидеј Ин паркингот, тој е огромен паркинг. МЈ: Да, ама тоа треба во ДУП-от да се повика, па да направат измена во одобрението за градење, па после да му дадам употребна. Оти употребна се дава… НГ: Што треба во ДУП-от да се направи? МЈ: Па да се повика дека таму ќе се паркираат НГ: Сега у ноември ќе го поминуваме пак ДУП-от, ќе се…у ноември ќе се повика. МЈ: Така!? Да се повика дека може да реши паркирање во Мал ринг… НГ: Да. Ама сега до ноември треба да чекаме 3 месеци. МЈ: Оти сега планот, еве јас… НГ: Ти најде ли просторија да се селиш? МЈ: Да. Начелно да. Во петок ќе одам, во Сивиус кај што се сега, таму му се најефтини, има простор…тоа е кај… НГ: Колку пари? МЈ: Па ми рече дека 10 евра ќе ми го даде. Вика да пресметам колку ќе ме чини, оти не му е направено него, дури трае конкурсот тој би го правел долу. Значи би ставал кошулица, такви работи… НГ: И кога би се преселил ти? МЈ: Па јас размислував некаде средина на октомври, така нешто, крајот на октомври да бидам преселен. НГ: Средина на октомври…па и ова е ноември. Ноември ќе биде ова? Декември. Не во ноември, декември. А на диво да се селат овие, МНР? МЈ: Па нека се вселат, што. НГ: Вие ќе им направите нешто? МЈ: Еее, Музејот на ВМРО работеше на диво. НГ: Музејот на ВМРО на диво си работеше? МЈ: Па не знам дали сега има употребна, ама работеше…Претседателе пола државна администрација не му се упишани објектите во Катастар… НГ: Е па диво нека се вселат, а? МЈ: Кој може да ги запре? НГ: Ај ќе зборам со Никола, ај. А што може да бидат вака последици, ако се вселат на диво? МЈ: Не дај Боже, нешто ако се случи, не знам, пожар… НГ: Некој ако се сопне, скрши нога доле и… МЈ: Не, не. Пожар, да падне зградата… НГ: Пожар, а? МЈ: Такви нешто…Па зошто се вселиле… НГ: Или да падне зградата вика…Може да падне зградата? Трајче се смее, вика нема да падне. МЈ: Не можи ништо да се случи. Не може да го запише во Имотен лист, тоа е вака проблем што… НГ: Ај со Никола ќе зборам, ајде. |