Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Јанакиески. Никола Груевски. Елизабета Канчевска Милевска
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: На многу објекти коишто биле под заштита како споменици на културата им го одземале тој статус
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (се вклучува и Елизабета Канчевска Милевска)

НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: А бе ти ова што рече дека може да се преправи Правилникот за фасади, Бети вика дека не може.
МЈ: Зошто?
НГ: Еве она ќе ти објасни зошто.
МЈ: Бети го прифати тоа, јас не го прифатив.
ЕКМ: Миле.
МЈ: Молам.
ЕКМ: Вака сега значи. Со менување на Правилник ништо не правиме. Значи гледај сега што е работата. 
Одредени фасади во градот, без разлика кои, биле споменици на култура. Премиерот рекол: Вадете ги, 
за да не се споменици на култура, за да ние си правиме што сакаме. Конзерваторски ги извадило, во 
Планот влегле дека не се споменици. Сега ние бараме, и бидејќи не се споменици, дава дозвола 
општина Центар. Ние сега бараме ти да даваш дозвола. За ти да даваш дозвола тие треба да бидат 
споменици.
МЈ: Да бе Бети, тоа го зборевме ние неќни.
ЕКМ: Е па тоа де. За да бидат споменици треба во Планот да влезат со црвено, тие сега не се во 
црвено. Кој ќе ни ги внесе во Планот за да ти дадеш дозвола?
МЈ: Бети кој ти рече дека мора да влезат во Планот?
ЕКМ: Како?
МЈ: Во кој закон се бара во Планот? Ако е заштитено подрачје ние издаваме, ако не е заштитено 
подрачје, општината издава.
ЕКМ: Ама не можеш со правилник. Што ќе ставам во правилник? Во правилник тоа не регулира.
Еве го Правилникот…
МЈ: Бети во мојот закон е регулирано, ти само заштити ми ги. Не мора во ДУП да се.
ЕКМ: Мора. Провери, прашај го и овој, мора. Мора да се влезени.
МЈ: Бети, сега јас издавам одобрение, јас ќе се потпишам. Сега знам што треба, што не треба.
ЕКМ: Е па како? Како? Еве дојди на состанок да седнеме.
МЈ: Заштити ги само.
ЕКМ: Не можам да ги заштитам, мора да влезат во План. Како да ги заштитам јас?
МЈ: Ама кој ти рече дека мора да влезат во план?
ЕКМ: А бе сме ги извадиле од заштита.
МЈ: Ама добро, ставете ги во заштита.
ЕКМ: Да седнеме, да видиш дека овие кажуваат дека треба. Дај дојди утре.
МЈ: Кој бе Бети, кој? Кој кажува?
ЕКМ: И овој дечково што работеше во општина Центар, Александар…како се викаше?
МЈ: Ама што кажува Александар? Александар ти кажува за планирање.
ЕКМ: Е сега Миле дојди. Не можам јас, има и од кај мене од службите така кажуваат.
МЈ: Бети да седнеме, еве кога сакаш.
ЕКМ: Да седнеме сега. Не можам јас со тебе вака. Да седнеме и ти како што имаш служби.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org