Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Гордана Јанкулоска. Зоран Ставрески
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Становите на Гордана Јанкулоска
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Горде.
ГЈ: Е.
ЗС: Она што…ако се сеќаваш, кога бевте во Виетнам ти побарав една web адреса.
ГЈ: Да.
ЗС: Е. Па…што…така ми текна мене у некој, некој момент на инспирација, си викам ја ај добро совет 
што и давам на Горде, него и ја што не си направам исто така. Ха, ха.
ГЈ: Па да ти кажам паметно ти текнало. Некад имаш добри идеи. Ха, ха.
ЗС: И почна онака, црвот да ме јаде. И викам – чекај бе – што јас не си направам нешто лично, и 
онака стојат вака безвезе, без ништо.
ГЈ: Да де да.
ЗС: И ај викам, не мора одлука да донесеме, ќе разговарам дома, да видам што-како. Спомнав дома, 
немаше нешто реакција негативна или позитивна посебно.
ГЈ: Да де да.
ЗС: Вика – ај да видиме, демек што-како. И отидовме у…му се јавив на овој мојов…
ГЈ: Аха.
ЗС: Отидовме до кај него на работа, се сретнавме со таткото и со ќерката…
ГЈ: Аха.
ЗС: Ко за беља баш тогаш влезе директорот, на….главниот што е, на банката…
ГЈ: Ахааа.
ЗС: Не виде, ама тоа е сега.
ГЈ: Е па добро сега.
ЗС: Како и да е, они ни го дадоа тоа да го погледнеме каталогот и требаше баш беше дента пред да 
тргнеме на одмор.
ГЈ: Аха.
ЗС: И немавме време ние наредниот ден, пошто беше последен ден пред одмор да одиме, да видиме. 
Пошто они одма, нема проблем, одберете, што-како…
ГЈ: Не, ама ептен се…
ЗС: Одма да прекинеме со праење, во друга насока ако сакате…
ГЈ: Да, да, ептен се.
ЗС: Е сега ние не можевме тогаш, па сега треба…поради ова…да не беше со Кети и до сега ќе го 
покреневме тоа. Па…
ГЈ: Супер идеја.
ЗС: Сакав чисто вака да знаеш…
ГЈ: Да бе да, супер идеја. Добро ти текнало.
ЗС: Ааа…ај нејќам друго по телефон. Сакав тоа да те барам…пошто она…девојчето ни кажа тогаш, 
неколку што се вака available и рече: видете, што – кои, па сакав само да те прашам вашиот кај 
беше и на која страна од тие што се таму, ама…
ГЈ: Знаеш како е…према Водно и према Шар Планина. Практично накај вас, мислам дека натаму му 
доаѓа, у тој правец.
ЗС: Добро. Мхм.
ГЈ: Али јас сум да ти кажам…
ЗС: 89 беше или колку?
ГЈ: А бе ние 2 нели, ти си заборавил!
ЗС: Ама едниот. Не, не, не сум заборавил.
ГЈ: Едниот…ха, ха, ха. Ти ме убеди и заборави. Delete стисна.
ЗС: Не, не. Ама како сега, едниот беше 89, другиот 50 или?
ГЈ: Не, не. Вака беше Зоки. Едниот, едниот беше 89, ама нас ни требаше уште едно мало просторче за 
точаците. Пошто знаеш ние имаме проблем. Па земавме од другиот и го направивме 92, а другиот беше 
околу 70 остана, така некако мислам.
ЗС: Аха.
ГЈ: Или 60 и неколку дојде,
ЗС: Ооо, па вие сте се претерале бе. Ха, ха, ха.
ГЈ: Е па ти, ти што ми кажа сега…Ааа не заебавај. Ха, ха, ха.
ЗС: Добар, добар совет. Тоа е најдобар што си го у живот добила.
ГЈ: Така да супер испадна. И тоа после тоа бевме ние, пошто ние нели апла на време ја фативме 
работава. И ставрно како го имаат направено, значи едно е кога ја гледаш скицава, кога ќе отидеш 
таму, преубаво изгледа.
ЗС: Е ај ја ако договориме нешто…како да се отиде до таму, а да не биде забележано? Тоа ми е, да 
не биде…
ГЈ: Има како.
ЗС: Има?
ГЈ: Знаеш како. Со кола се влегува скроз во објектот, доле. Ќе се договориме…
ЗС: Добро. И нема таму вработени други?
ГЈ: Може некој мајстор да има…
ЗС: Навечер?
ГЈ: Не бе, преку ден. Ама ќе и речеме на Драгана подискретно да се тргнат мајсторите, нагоре да 
нема никој.
ЗС: Не бе, или приквечер, навечер. Не мора…зашто да се…
ГЈ: А бе нема светло навечер…
ЗС: А нема ич.
ГЈ: Пошто тоа е објект во градба и…
ЗС: Е па приквечер, добро кога нема …
ГЈ: Приквечер дур има уште малку дневна светлина, иначе супер е. Влатко и вртеше на Драгана 
мислам, вчера-завчера, за да довршиме, нели треба договор да потпишеме, сите тие работи. Ама не му 
се јави, па не го препрашав дали ја добил во меѓувреме. Иначе многу е фина.
ЗС: Знам, знам.
ГЈ: Мислам мене ептен добар впечаток ми остави…
ЗС: Добро.
ГЈ: И многу се одговорни. На пример ќе им кажеш тоа и тоа, и еднаш ќе им спомнеш, не треба два 
пати.
ЗС: Да.
ГЈ: Само ќе ти јави, завршено е, што мене ми се допаѓа, пошто јас така функционирам.
ЗС: Да де да. Добро.
ГЈ: А има за дискретност…
ЗС: Ама имам уште еден проблем ја, во размислувањето сега. Кога више фатив да го размислувам тоа. 
Ха, ха. После ми текна за ова другово и викам чекај сега да го видам, како да го, како да го…во 
реализацијата…
ГЈ: Аха…
ЗС: Значи не е спорно од аспект на идејата дали, поише од аспект на реализација. Како да идам со 
тоа, дали да идеме на друго некое вака, суштество или…
ГЈ: Да де да, те разбирам. А бе јас мислев…
ЗС: Пошто, не е за ова што зборат, што би рекол овој…
ГЈ: Ха, ха. Да, да, да.
ЗС: …нашиов што зборат…него поише од друг аспект. Од аспект на, на… антикорупциска, тие што се, 
треба да се пријавува…
ГЈ: А бе знам. Јас го мислев, ама…
ЗС: Да се прави целата таа работа.
ГЈ: Ние уште не…
ЗС: Од тој апсект, не ова другово. Другово, па и другово ќе си се појави по некое време. Ааа, ќе 
рече види, види…
ГЈ: Комшии. Први комшии.
ЗС: Ааа, тоа е тоа.
ГЈ: Таман до нас, не знам дали има. Ха, ха, ха. И супер.
ЗС: И тоа више оди докажи после дека не е смислено…
ГЈ: А бе нека пукнат, нека зборат, што сакаат нека прават, нека кршат глава.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org