Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Гордана Јанкулоска. Зоран Ставрески
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: А имате идеја што намештај ќе ставате во станот?
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески (се вклучува сопругата на Ставрески)

ГЈ: Ало
ЗС: Горде шо праиш?
ГЈ: Ништо еве, по дома. Ти шо праиш?
ЗС: Еве со Антоанета нешо збориме за ова, за зградата па нешо мене ме прашува она, па место мене 
да ме гњави, ај тебе нека те гњави малце
ГЈ: Аајде
АС: Каков ми е уводот од конекторот
ГЈ: Мислам вака мислиш кој знае со каква тортура ќе се соочам
АС: Сеа ќе вииш колку е едноставно, брзо. Прво прашање, каква боја на внатрешни врати одбравте?
ГЈ: Бели.
АС: Белии?
ГЈ: Да
АС: Значи ти ко шо се во другите…
ГЈ: Па да, мислам практично таа е основната боја они шо ја нудат ама нас ни одговара.
АС: Аха. А имате идеја што намештај ќе ставате во станот?
ГЈ: Да, да, ние више и нарачавме дел…
АС: Која?
ГЈ: У дневната ни е бела кожна гарнитура…
АС: Бела кожна гарнитура, мхм…
ГЈ: Масата е нешто бордо стакло е горе и како алуминиум така нешо метално ногарки… столчињата се 
ми се чини пластични ама таа некоја пластика сеа као модерни биле, не знам и ја каква…
АС: Добро..
ГЈ: А кујната ни е бордо пошо нели отворено ни е таму, тука тој дел и ќе се гледа, значи бордо и
бела е комбинацијата, тоа за сега што имаме определено со метални елементи
АС: Значи ти си ја протна твојата бордо боја
ГЈ: Е па нема, ја коа ќе запнам нешто…
АС: Коа ќе запнеш… се сеќавам коа беше со точките дека таа боја нешто ти се допаѓаше…
ГЈ: Да, да, да… е па имаме така дел и од плочките, некои такви детали со бордо се знаеш, ние ги 
земавме тие мозаик малите и има во дел од мозаикот на бордо…
АС: На таа боја. Океј а денеска колку што ѕирнав коа поминав значи не влегов, немате вие паркет 
ставено…
ГЈ: Не знам ние не сме отишле би требало да стават…
АС: Значи вие сепак одите со паркет во станот не одите со плочки затоа што ја тоа што го видов 
немаше наредено
ГЈ: Не ние у дневната значи… дневната тој дел е паркет а ходниците, оставите тие работи, не се 
сеќавам за спалната дали нарачавме… еве Влатко ми довикува…
АС: Со плочки ќе одите?
ГЈ: … не паркет и таму сме нарачале
АС: Добро затоа што ако е плочка може затоа не сум видела, не видов паркет значи треба одма да 
видам паркет како почнува од вратата… значи за паркет…
ГЈ: Ако сте за паркет мене ми пратија две парчиња од паркетот
АС: Добро…
ГЈ: Мислам чисто знаеш за да видам како изгледа налакирано, оти има и посветла и малку по така
АС: Да, јас ги видов денеска тие две парчиња со мат и сјајно
ГЈ: Е да…
АС: И не гледам некоја голема разлика помеѓу тие две парчиња, мене скоро слично ми изгледаа
ГЈ: Па и мене, едино едното малку ко посветло ми се виде
АС: И за што се решивте, за таа големина?
ГЈ: Па за посветлото… да да, таа што беше, претпоставувам ти ги покажале истите парчиња мене што 
ми ги покажаа, тоа што беше по мат и посветлото парче пошо нели на бела боја посветло одговара, 
другото беше по на дрво по така…
АС: Да, да… и големината таа они што ја нудат…
ГЈ: Па да….
АС:…се распрашав, во куќава имаме ставено и поширок и подолг паркет, таков повеќе ми се допаѓа и 
ми покажаа и такви парчиња дека има само се од втора класа ама не се гледа воопшто никаква разлика 
со ова што е од прва класа…
ГЈ: Е па ние не ни знаевме дека има таква опција и нарачавме од другиве
АС: Добро ,е па тоа ми беа прашањата, долга бев? Изгњавив?
ГЈ: Не бе, ти остај… остав воведот батали го. Абе ние можно е во недела или да видиме Драгана коа 
ќе биде слободна викендов и зависи со ова у Собрание каква обврска ќе имам, може а одиме
оти она рече дека ќе… до крај на работнава недела ќе ги завршат целосно купатилата
АС: Тоа може, тоа да…
ГЈ: И со се елементи со се све, може да се види оти ние прошлиот пат коа бевме мсилам океј доста е 
направено ама нема нешто овака немаше нешо многу да видиш…
АС: Е па немаше многу оти кај нас посопоро оди на нашиот кат работава…
ГЈ: И последни ги прават….
АС: И последни ги прават… а доле побрзо оди работата и јас веќе а вративе коа влегов, финиширани 
се од први и втори неколку реда од станови…
ГЈ: И не знам дали кај вас го завршиле тоа со скалите што се внатре за на тераса, кај нас мене 
многу ми се допадна како ги направија…
АС: Нее, кај нас нема да може како кај вас да биде, затоа што одма е коа ќе влезеш ќе треба да 
удриш на скалите, така кај нас ќе биде како монтажно решение
ГЈ: Аха.. они што се извлекуваат…
АС: Што се извлекуваат да… иначе не би можело да стои, ќе одам ќе поминам следниот пат да видам 
како го направиле кај вас…
ГЈ: Кај нас имаше доволно простор и така не е многу стрмно нагоре како полукружно некако сеа ама 
фино е испаднато и терасата горе, терасата мене…
АС: Терасата е убава…терасата е убава и таа е завршена скоро. Не ми се допаѓа што не не 
консултирале барем нас, она што е како прикриено како собичка, многу ми е метално тоа што се 
рамките за стаклата на прозорите ама сега тоа е тоа…
ГЈ: Абе ние првично мислевме дека таму нема да има такви прозори знаеш…
АС: И јас не знаев дека ќе има…
ГЈ: Таков впечаток имав. И коа отидовме гледаме фактички тоа е 12 квадрати не е баш малечко
АС: Да, не е мало и јас не знаев дека ќе има соба…
ГЈ: И глеам уше едно собче плус и викам супер…
АС: Све е супер само требале да стават од тие белите исти она пластика што е за стакло прозори за 
да биде усогласено, така али океј
ГЈ: Да деда, више го напраиле али терасите се фантазија мислам ептен ми се допаднаа..


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org